[ВИДЕО] Каков татко, таков син: Наследникот на Касорла режираше ремек-дело, соиграчите се фаќаа за глава

Дерби

17/10/2025

08:37

323

Големина на фонт

а а а

Санти Касорла игра професионален фудбал во Ла Лига и на 40 години, а додека тој полека се подготвува за повлекување од фудбалските терени, вреди да се напомене дека славниот офанзивен фудбалер има наследник во својот син.

Енцо Касорла игра за еден од младинските тимови на Овиедо и таму важи за најдобар поединец на своја возраст, нешто за што доказ се и последните видеа кои пристигнуваат од Шпанија.

Тимот до 15 години на Овиедо победил на последниот натпревар против Спортинг со 3:0, а стрелец на два од трите погодоци бил Енцо.

14-годишниот син на Касорла игра како офанзивен средишен фудбалер или како крило, но она што посебно привлекува внимание е добрата игра со двете нозе, исто како неговиот татко.

Енцо најпрво постигнал импресивен гол со лева нога после неверојатна соло акција од која за глава се фаќале соиграчите, но потоа постигнал и одличен гол од дистанца со десна нога.

Мајсторијата погледнете ја ТУКА.

Вториот погодок погледнете го ТУКА.