Се враќаат клупските возбудувања, а тоа значи дека во англиската Премиер лига ќе се игра осмото коло кое го носи вечното дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Тука има уште неколку интересни битки како Манчестер Сити-Евертон, гостинските предизвици на Арсенал и Челси против Фулам односно Нотингем Форест, а не смее да се заборави и соочувањето на Тотенхем со Астон Вила.
Во пресрет на овие и сите останати натпревари некогашниот холандски ас Јап Стам кој дел од кариерата мина на островот даде своја прогноза во однос на Топ 4 пласманот во ПЛ.
Тој горе-доле го истипува она за кое сите се убедени, а тоа е дека Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити ќе завршат на првите три позиции. Стам верува дека „црвените“ ќе бидат шампиони, „топчиите“ одново вицешампиони, додека Сити ќе биде зад нив.
Занимлив е неговиот став за четвртата позиција и тој е дека Манчестер Јунајтед ќе избори пласман во ЛШ пред Челси.
-Би ги избрал Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед за топ четири, а Челси е во тесна конкуренција. Овие петмина имаат состави и конзистентност за да се натпреваруваат за местата во Лигата на шампионите. Борнмут или Кристал Палас би можеле да се обидат, но тешко е да се одржи тоа ниво во текот на сезоната. „Големите клубови повторно ќе завршат таму поради квалитетот на играчите што ги имаат во својот тим, -порача Јап за „Скај Бет“.