Ова е риба „број 1“ за здравјето – поевтина е од сите останати, а е голем извор на тоа што навистина му е потребно на телото

Точка

15/10/2025

09:30

1.252

Големина на фонт

а а а

Може да се пронајде речиси во секоја продавница, а цената и натаму е пристапна.

Сепак, нутриционистите тврдат дека станува збор за една од највредните намирници за здравјето. Богата со протеини, омега 3 масни киселини и витамини кои го јакнат целиот организам.


Станува збор за сардината, риба која често неправедно е запоставена. Многумина ја избегнуваат затоа што ја поврзуваат со евтина конзервирана храна, но експертите нагласуваат дека сардината треба да биде редовна во исхраната на сите кои се грижат за здравјето.

Според пишувањата на „TSN“, сардините се вистински мал пакет за здравјето. Изобилуваат со омега 3 масни киселини кои помагаат во намалување на крвниот притисок, прочистување на крвните садови и јакнење на работата на срцето. Освен тоа, редовното консумирање сардина може да го подобри расположението и да го намали нивото на стрес.

Поевтина од лосос, а речиси еднакво вредна

Покрај здравите масти, сардините се одличен извор на лесно сварливи протеини поради што се добри за спортистите, децата и постарите лица.

Даваат долго чувство на ситост, а благодарение на витаминот Д, придонесуваат во чување на здравјето на коските и јакнење на имунитетот.

Иако лососот често се смета за синоним за здрава исхрана, нутриционистите истакнуваат дека сардините се нутритивно богати, но многу поевтини. Разликата во цената е огромна, а користа за здравјето речиси иста.

Исто така сардините се мали риби кои живеат пократко, па во себе акумулираат значително пониско ниво на жива и тешки метали во споредба со поголемите видови риби, како туна или сабјарка.


Покрај тоа, сардините се исклучително практични, можат да се јадат свежо печени на тава или скара, но и од конзерва, со малку лимон и маслиново масло. Одлични се како додаток во салатите, тестенините или како здрава ужина богата со протеини.

Доколку бирате конзервирани сардини, експертите советуваат да ги купите од проверени произведувачи и во поголеми продавници.