[ВИДЕО] Советничката за медиуми на Вучиќ вели: „Измислував вести кога бев новинарка“

Точка

14/10/2025

21:26

455

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Би-би-си, телевизијата за која Сузана Васиљевиќ, советничката на српскиот претседател, изјави дека работела и дека „измислувале вести“, соопшти дека Васиљевиќ никогаш не била вработена во британскиот јавен сервис.

Васиљевиќ гостувала во една телевизиска емисија каде зборувала за тоа како да се спречи ширењето на дезинформации и на изненадување на присутните, признала дека во 2000 година, додека работела како новинарка за Би-би-си, измислиле војна во Црна Гора – за да можат да поминат три месеци на Свети Стефан.

„Ние во Би-би-си своевремено измислувавме приказни за да… Измисливме војна во Црна Гора, односно можноста Милошевиќ во 2000 година пред неговите последни избори да ја нападне Црна Гора, т.е. Мило Ѓукановиќ, затоа што Мило му го сврте грбот – само за три месеци да бидеме на Свети Стефан“, рече Васиљевиќ.

„Работела како фриленсер“

Од Би-би-си за „Н1 Србија“ порачаа дека не знаат за што станува збор.

„Не ја препознаваме таа референца на нашето известување. Би-би-си е најдоверлив светски медиумски сервис и е посветен на точно, независно и непристрасно известување за публиката ширум светот“, соопшти Би-би-си.

Тие нагласија дека Васиљевиќ никогаш не била вработена во Би-би-си, но дека работела како фриленсер за британскиот јавен сервис последен пат во 2012 година.