[ВИДЕО] Британскиот премиер стана „предмет на потсмев“ поради Трамп: Му пришол на американскиот претседател, па доживеал понижување

Точка

14/10/2025

22:44

1.019

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер Кир Стармер стана предмет на потсмев откако помислил дека Доналд Трамп го поканил да зборува на мировниот самит за Газа во Египет.

Имено британскиот премиер стоел зад американскиот претседател додека тој зборувал со светските медиуми во Шарм Ел-Шеик, пофалувајќи ги светските лидери за нивната улога во постигнувањето меѓународни мировни договори.

Заблагодарувајќи им се на земјите по азбучен ред за нивниот придонес во решавањето на разни меѓународни конфликти, Трамп заврши со Обединетото Кралство, поздравувајќи го Стармер и нарекувајќи го „свој пријател“.


„Каде е Обединетото Кралство? Дојдете тука“, рече Трамп, додека насмеаниот Стармер тргнал кон него, очигледно мислејќи дека е поканет да зборува на говорницата.

„Дали сè оди добро?“, прашал Трамп.

„Многу добро“, одговорил Стармер.

„Многу ми е мило што сте тука“, додал Трамп, а потоа веднаш се свртел и го продолжил својот говор, оставајќи го британскиот премиер несмасно да стои настрана.


Стармер бил видливо засрамен во тој момент, ги стиснал усните и се вратил на своето место во редот на светските лидери.

Од друга страна италијанската премиерка Џорџа Мелони, кој стоела зад Трамп од неговата десна страна, едвај можеше да се воздржи од смеење.

Непријатната сцена се случи само неколку моменти откако Трамп рекол во говорот:

„Многумина од вас ве познавам веќе долго време. Вие сте мои пријатели, одлични луѓе. Има неколку што не ми се допаѓаат многу, но нема да ви кажам кои се. Всушност, има повеќе, но никогаш нема да дознаете кои се – можеби сепак ќе дознаете“.

Инаку Трамп поканил некои светски лидери, како пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, да кажат неколку зборови – но Стармер не бил еден од нив.


И покрај понижувањето, Стармер подоцна го пофалил Трамп за неговите напори за постигнување мировен договор и рекол дека Велика Британија би можела да помогне во разоружувањето на Хамас и надгледувањето на прекинот на огнот.