Тажна вест: Почина Панчо од ДНК седум месеци по несреќата во Кочани

Точка

14/10/2025

11:30

5.115

Големина на фонт

а а а

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.

„Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. Почитувајќи ја приватноста на секој наш пациент и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите“, потврдија од приватната болница.

Панчо извесно време бил во кома, а за неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри. Тој имаше тешки изгореници на лицето и на рацете.


Во пожарот во кочанската дива дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица и 200 беа повредени.

Панчо уште познат како диџеј Шорти беше дел од музичкото дуо ДНК кое кобната ноќ, на 16. март, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј, неговиот колега, смртно настрада ноќта а време на пожарот во кочанската дискотека, на 43-годишна возраст.

Панчо е роден 29 јули 1979 во Скопје.


И двајцата беа познати и докажани хуманисти.

Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан.