Дали злото се крие во гените?: Контроверзен документарец ја анализира ДНК-та на Адолф Хитлер и ветува „изненадувачки резултати“

Точка

13/10/2025

20:09

572

Големина на фонт

а а а

Документарецот насловен „Hitler’s DNA: Blueprint of a Dictator“ во продукција на „Blink Films“ наскоро ќе биде прикажан на британската телевизија „Channel 4“, а се очекува да предизвика големи контроверзии во јавноста.

Имено, овој проект се базира на анализа на генетскиот профил на еден од најголемите злосторници на сите времиња, со цел да се истражи дали неговите гени имале влијание врз неговиот начин на размислување и однесување.

Продукцијата е во тек, а датумот на премиерата сè уште не е одреден, но се очекува филмот да биде објавен оваа година.

„Blink“ тврди дека поседува научен доказ дека примероците што ќе бидат тестирани навистина му припаѓале на Хитлер.


Во дводелниот документарец, светски познатиот генетичар д-р Тари Кинг и познатиот историчар д-р Алекс Кеј соработуваат со меѓународен тим експерти од областа на здравството, човеково однесување и други научни дисциплини за да го декодираат и анализираат генетскиот состав на Хитлер, пренесе „Deadline“.

Џона Вестон, кој со Емили Шилдс го нарачал овој проект за „Channel 4“, во официјална соопштение рече дека „ништо никогаш не може целосно да го објасни злото на Адолф, но пронаоѓањето на ДНК-та на Хитлер е неверојатен подвиг на научна детективска истрага и дава невиден увид во најистражуваната личност во историјата“.


Ден Чемберс, креативен директор на „Blink Films“, додаде: „Веќе 80 години постојат многу шпекулации за медицинските и психијатриските состојби на Хитлер. Сега, кога за прв пат во историјата ја проучуваме неговата ДНК, можеме да откриеме цела низа работи – некои можевме да ги очекуваме, а некои се навистина изненадувачки“.

На меѓународно ниво, серијата се продава и како дводелен документарец и како единствен 90-минутен филм.

Документарецот е во режија на Џејмс Рут, продуцент е Зои Вигинс, а извршни продуценти се Ден Чемберс и Нина Дејвис.