Сколс ги избра најдобрите пет играчи за врска во светскиот фудбал

Дерби

13/10/2025

12:57

296

Големина на фонт

а а а

Пол Сколс пред извесно време го именуваше Сандро Тонали како најдобар играч за врска во Премиер лигата, но во ситуација кога требаше да прави поредок на петте најдобри во светот, сепак предност му даде на еден фудбалер на Ливерпул.

Легендарниот играч за врска на Манчестер Јунајтед во свое време важеше за еден од најдобрите на својата позиција, а како човек кој може слободно да извлекува заклучоци за таков тип на фудбалери, самиот вели дека повеќе му се допаѓаат техничари.

Поради тоа, на неговата топ пет листа се наоѓаат фудбалери кои имаат импресивна техника и завидна визија на теренот, па меѓу најдобрите се најдоа Френки Де Јонг, Алексис МекАлистер, Витиња, Родри и Педри.

Сколс почна да ги подредува од петтото место па нагоре, а бидејќи даде објаснување за секој од избраните, вреди да се издвои коментарот кој го даде за Педри.

Според Сколс, Педри е убедливо најдобар играч на својата позиција во овој момент, потенцирајќи дека фудбалерот на Барса е своевиден микс од легенди како Чави и Иниеста.