Барселона го пролонгираше отворањето на реновираниот „Камп Ноу“ во неколку наврати, но пред точно една недела, објави дека фановите конечно ќе дочекаат промоција на ремоделизираниот стадион.
Каталонскиот великан најави дека натпрварот против Олимпијакос во Лигата на шампионите кој е закажан за 21-ви октомври ќе се игра на „Камп Ноу“, а како добра увертира за оваа позитивна вест, клубот сега објави и промотивно видео.
Застареното издание на „Камп Ноу“ бараше итна санација и реновирање на речиси цела структура на стадионот, а Барселона сега со видео материјал долови како ќе изгледа новиот изглед на стадионот.
What a feeling 😍
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 12, 2025
📍Spotify Camp Nou pic.twitter.com/z5m8KJ6pbV
Во период кога клубот напорно работи за да ги добие потребните административни дозволи за отворање на „Камп Ноу“, убаво е да се види како изгледа внатрешноста на стадионот, а видеото предизвика и чувство на гордост кај голем број фанови на кои им здодеа да одат на „Монжуик“ и „Јохан Кројф“.
Барселона повеќе од две години го реновира својот стадион, но како што стојат работите, се ближи денот кога навивачите конечно ќе можат да уживаат во подновениот дом.