[ФОТО] Гатузо постави уникатен рекорд на првите три натпревари како италијански селектор

Дерби

12/10/2025

15:43

229

Големина на фонт

а а а

Добар дел од јавноста во Италија гледаше со скептицизам на ангажирањето на Џенаро Гатузо како лидер на националниот тим, но иако Рино се уште е во рана фаза на запознавање со фудбалерите, мора да се признае дека остави зад себе три максимално ефикасни натпревари.

Вака разиграна Италија во нападот не се памети во поновата историја на фудбалот, а доказ за тоа е и статистиката која вели дека Гатузо постави уникатен рекорд.

„Аѕурите“ постигнаа дури 13 голови на првите три натпревари на Гатузо како селектор на репрезентацијата, нешто што претходно не го остварил ниту еден друг тренер во историјата.

Џенаро е првиот селектор кој ја надминал границата од десет голови на првите три натпревари, а во неговито случај, рекордот гласи 13 постигнати голови.

Италија ја победи Естонија на домашен терен со 5:0, потоа славеше во луд меч со Израел со резултат 4:5, а вчера оствари нова победа над Естонија со 1:3.