Ѓоковиќ: Невoзможно е да се биде пријател со Надал…

Дерби

13/10/2025

14:25

448

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ е последниот активен играч од големата тениска тројка од која беа дел уште Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Оваа тројка одбележа една ера во светот на тенисот, можеби најдобриот период во историјата на тенисот, период за кој ќе биде навистина тешко да се повтори, а да не зборуваме да се надмине.

Сите тројца се туркаа еден до друг, поточно ако го немаа тоа прашање е дали ќе се доведоа до позиција да имаат толку успеси и 20+трофеи на грен слем турнирите. Токму Новак кој е најмлад уште еднаш проговори за односот со Рафа и Рожер пред се за оној со Шпанецот.

- Никогаш не бевме пријатели. Рафа е само една година постар, двајцата сме близнаци во хороскоп, двапати бевме на вечера заедно, но пријателството со него е невозможно. Отсекогаш многу го почитував и му се восхитував. Невозможно е да се биде пријател меѓу ривали, но никогаш не сме биле непријатели. Благодарение на него и Федерер станав ваков, - истакна Ноле и продолжи:

- Надал беше дел од мојот живот во последните 15 години. Го гледав повеќе од мајка ми. Има многу работи што ме инспирираат во неговата кариера. Најмногу од сè, неговата упорност, неговата посветеност, неговиот борбен дух. Неговиот менталитет на шампион кој никогаш не се откажува и секогаш, без разлика колку е тешко, наоѓа начин да победи, начин да ги сврти работите. Тој негов менталитет е навистина многу инспиративен-

Слична е ситуацијата и со Федерер.

- Отсекогаш сум имал големо почитување кон него, тој е еден од најголемите на сите времиња. Имаше неверојатно влијание, но никогаш не бевме блиски, - порача Србинот за „Кориере Дела Сера“.