Името на Валентан Вашеро со златни букви ќе биде запишано во историјата на Мастерсот на Шангај, но воедно и во целокупната тениска историја како тенисер кој ја направил најголемата сензација на турнирите од серијата 1000.
Тенисерот од Монако стана најниско рангираниот тенисер кој освои вака престижна тениска титула, бидејќи турнирот го започна од 204-то место на АТП листата и како човек кој влезе како резерва во квалификациите во Шангај.
Играчот кој воопшто не беше планиран за квалификациите доби шанса како резерва, но откако мина две прелиминарни рунди, мина и уште седум кола за да стигне до трофејот во Шангај.
World No. 204 Valentin Vacherot is the lowest ranked player to win an ATP Masters 1000 event, overtaking Borna Coric who won the 2022 Cincinnati Open as world No. 152 🏆
— TNT Sports (@tntsports) October 12, 2025
Vacherot will make his top 40 debut tomorrow 📈 pic.twitter.com/7DpCk1walT
Во денешното историско финале, Вашеро го победи својот братучед Артур Риндеркнеш со 2:1 по сетови, па покрај тоа што ја обезбеди најголемата заработка во својата кариера, си обезбеди и неверојатен скок на АТП листата.
Вашеро си заминува од Шангај со 1 милион и 128 илјади долари (двојно повеќе од цела досегашна кариера), но и како тенисер кој прави скок од 204-то на 40-то место на АТП листата.