[ВИДЕО] Донарума направи голем кикс, па заработи многу критики од италијанските медиуми

Дерби

12/10/2025

13:00

221

Големина на фонт

а а а

Италија вчера оствари рутинска победа над Естонија, но голманот Џиџио Донарума направи голема грешка, по која противникот го постигна и единствениот гол.

Иако Донарума не влијаеше директно на резултатот, односно императивот да се освојат трите бода од натпреварот, заработи сериозни критики од медиумите.

– Сериозна грешка, иако не влијаеше на исходот. Недостиг на концентрација кој голман како Донарума не смее да си го дозволи, – пренесе „Кориере дела Сера“.

– Донарума се посрамоти со голема грешка. 75 минути беше обичен гледач, за на крајот да му подари гол на противникот, – стои во написот на „Спортмедиасет“.