Србија доживеа тежок пораз од Албанија во Лесковац и цела јавност кај нашиот северен сосед го пренесе тоа како спортски срам, а по неуспехот со резултат 0:1, својата оставка ја понуди Драган Стојковиќ.
Повеќе од јасно, Пикси нема да остане на чело на репрезентацијата на Србија после најновиот дебакл на домашен терен, но во ситуација кога голем дел од јавноста беше свртена против него, интересно е да се види дека и дел од доскорешните репрезентативци немаат симпатии кон селекторо.
Еден од нив е Немања Радоњиќ, ѕвездата на Црвена Звезда која го испрати Пикси со текст од добро познат српски хит.
– Никогаш не си бил херој, но ти го простувам тоа, бидејќи предавниците се сакаат само себе…….., – гласи пораката на Радоњиќ.
Оваа реакција е производ на жестоките забелешки кои ги имаше Пикси за Радоњиќ, особено откако претстана да го повикува за настап во националната селекција.
– Радоњиќ е фудбалер кој се самоуништува и кој ја уништува Звезда, зарем таков играч заслужува да биде дел од репрезентацијата? Имал еден добар спринт против Штутгарт пред една година…… Не се игра фудбал само поради еден спринт, нека се лутат на мене колку сакаат, – изјави тогаш Пикси.