Џерард донел конечна одлука за понудата на Глазгов Ренџерс

Дерби

12/10/2025

10:24

147

Големина на фонт

а а а

Стивен Џерард беше главен фаворит за нов менаџер на Глазгов Ренџерс, но англиската легенда решила да ја одбие понудата на шкотскиот великан.

Нашиот репрезентативец Бојан Миовски остана без тренер откако раководството го отпушти Расел Мартин, па иако се споменуваа повеќе имиња, Џерард доби предност и конкретна понуда за враќање на позицијата која веќе ја извршуваше.

Медиумите сметаа дека работата е завршена, но на крајот Џерард се повлекол од оваа комбинација, што значи дека Ренџерс мора да бараат друга солуција за испразнетото место.

Отпуштениот Расел беше назначен во јуни, издржа само седумнаесет натпревари, а Ренџерс има очаен почеток на сезоната, со само една победа на седум натпревари.

Џерард беше менаџер на Ренџерс меѓу 2018 и 2021 година и со овој клуб ја освои шкотската титула во последната сезона.