Марковски: До средно Водно за викенди само со автобус

Макфакс

10/10/2025

13:57

149

Големина на фонт

а а а

„Планот за Водно“ е составен од мерки и политики кои имаат за цел заштита на овој дел од Скопје и овозможување на подобри услови за рекреација и спорт на сите граѓани, рече Горан Марковски, кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори од Граѓанската платформа „Независни заедно“.

Професорот Марковски ја посочи заложбата за продолжување на жичарата, но и изградба на јавни тоалети, на почетокот, на Средно Водно и на врвот.

Дополнително, тој истакна дека до Средно Водно во текот на викендите ќе биде забранет сообраќајот, а ќе можат да се движат единствено електрични автобуси (до Средно Водно).

Марковски зборуваше и за изградба на станица за прва помош на Средно Водно, како и за нова mountain biking – велосипедска патека направена по современи стандарди.

„Станува збор за мерки и политики кои се креирани во консултација со граѓаните, со луѓе кои поминуваат поголем дел од своето време на Водно, како едно од местата препознатливо за градот и за државата“, рече Марковски.