Трет пат над 33 степени Целзиусови: Овој град го сруши рекордот по бројот на екстремно топли денови во октомври

Точка

09/10/2025

08:47

1.787

Големина на фонт

а а а

Хонгконг во средата го забележал четвртиот екстремно жежок ден во октомври, што е нов рекорд, соопштила градската метеоролошка агенција и додала дека било 33,1 степен Целзиусов.

Октомври забележал „најголем број екстремно топли денови откако се води евиденција од 1884 година“, соопштила опсерваторијата од Хонгконг.


Метеоролошката агенција навела дека во 2023 година октомври имал три „екстремно жешки денови“.

Екстремно топлите денови се оние кога температурата ќе достигне 33 степени Целзиусови и повеќе.

Здравствените власти на Хонгконг ги повикале граѓаните да преземат мерки на претпазливост и против болести поврзани со топлината во текот на предупредувањата, кои траеле 11 часа.

Минатиот месец, Хонгконг забележал 15 екстремно топли денови, што исто така било необично за месец септември.


Научниците сметаат дека климатските промени предизвикани од човековото делување предизвикуваат почести и поинтензивни екстремни временски прилики ширум светот.

Според податоците на ОН, 2024 година била најтопла во историјата на мерење на температурите.