50% од младите сметаат дека нивната генерација ќе стави крај на корупцијата во Македонија!

Денар

09/10/2025

15:24

359

Големина на фонт

а а а

Невладината Аналитика спроведе истражување во кои акцент е ставен на влијанието на корупцијата врз младите луѓе во земјава. Резултатите од истражувањето покажуваат дека младите се високо свесни за постоењето и распространетоста на корупцијата во општеството, нивното разбирање дополнително ја надминува класичната дефиниција на корупција како поткуп или злоупотреба на функција. Младите ја согледуваат како комплексен, повеќеслоен феномен што опфаќа различни форми на институционално и индивидуално девијантно однесување.

Младите прецизно ги препознаваат системските причини и главните жаришта на корупцијата. Тие најчесто ги наведуваат институционалните слабости, политизацијата и нефункционалноста на судството и обвинителството, како и неефикасноста на јавните служби. Дополнително, сметаат дека неказнивоста и отсуството на лична одговорност кај носителите на јавни функции создава амбиент во кој корупцијата може непречено да опстојува и засилено да се шири, пишува Денар.мк.

Во извештајот стои дека особено загрижувачки се наодите поврзани со корупцијата во образованието. Податоците велат дека повеќето испитаници веќе имале директно или индиректно искуство со коруптивни практики во училиштата и универзитетите – како што се купување дипломи 30%, поткуп за оценки 24,3% и фаворизирање на ученици 21,3%. Ова укажува дека младите уште во рана возраст се изложени на образовен систем кој, наместо да ги гради вредности како знаење, труд, интегритет и правичност – ја нормализира корупцијата.


„Многу млади ја губат мотивацијата, се демотивираат, немаат доверба во институциите и размислуваат за емиграција. Корупцијата, со други зборови, не само што го нарушува институционалниот интегритет, туку негативно влијае и врз личниот развој, граѓанската активност и социјалната доверба.

Значителен дел од младите сметаат дека темата за корупција е или целосно отсутна или недоволно застапена во наставните програми. Ова укажува дека образовниот систем ја запоставува својата улога во превенција и градење на антикорупциски вредности“, стои во извештајот.

Остатокот од текстот можете да го прочитате на Денар.мк.