Кривична против тетовец: Заградил парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили

Макфакс

09/10/2025

14:43

252

Големина на фонт

а а а

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишниот Н.Х. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Пријавениот во село Сараќино, тетовско, заградил катастарска парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили.