Филипинка што живее во Хрватска во шок: „Како преживувате со овие цени во продавниците?“ Хрватите ѝ одговорија брутално искрено

Точка

08/10/2025

12:34

828

Големина на фонт

а а а

Аби Мекси, Филипинка која моментално живее во Загреб, неодамна објави кратко видео на „Instagram“ со прашање што, очигледно, ги погодило многу Хрвати „во жива рана“. Нејзината објава предизвика вистинска лавина од коментари и ја отвори Пандорината кутија на хрватската економска реалност.

Сè започна со една наизглед едноставна објава. Аби сними кратко видео во кое им се обраќа на своите следбеници, а особено на локалното население. Со натписи „како да преживееш во Хрватска“ и „каде купувате намирници?“, таа веднаш стави до знаење што ја мачи. Во описот беше уште подиректна:

„Еј, Хрвати, како преживувате во Хрватска со вашите цени на намирници и месо?? Каде купувате? Мене ми се чини дека Америка е поевтина од ова!“

„Одиме во Босна или Словенија по храна“

Еден од коментаторите ѝ одговори:

„Некои луѓе одат во Босна или Словенија по намирници, а многумина имаат роднини кои живеат на село или се занимаваат со земјоделство – па, ако можат, купуваат од нив.“

Други додадоа:

„Во Словенија“,

„’Eurospin‘ е прилично евтин“,

„Јадеме кај нашите родители.“

Еден коментар привлече посебно внимание:

„Не требаше да преминеме од куна на евро. Од тогаш сè е прескапо.“

Други се надоврзаа:

„Да, цените се апсурдни откако еврото влезе во нашата земја.“

„Ова е картел супермаркети!“

Меѓу најкоментираните беше пораката од странец што живеел во Хрватска:

„Се преселив од Холандија во Хрватска во 2020 година, а следниот месец се враќам во Холандија. Хрватска е корумпирана, сите супермаркети ги менуваат цените истовремено и нема слободен пазар – а во земјите на ЕУ тоа е забрането! Ова е картел на супермаркети! Тоа е како јужноамерикански нарко-картел, само легален! Во Холандија, ако супермаркетите направат ваква измама, сите сопственици одат во затвор!“

„Највисоки даноци на храна во ЕУ“

Многу коментари беа насочени кон даночниот систем:

„Добредојде во Хрватска! Највисоки даноци на храна во Европската Унија. Пробај ја апликацијата што ги следи цените и оди во продавници според тоа. Ако си во Загреб, пробај ’Žabac‘. Инаку: планирање, планирање, планирање …“

Еден корисник потсети на економската трансформација на земјата:

„Пред влезот во ЕУ, Хрватска ја хранеше цела Југославија. А сега ги увезува повеќето прехранбени производи, особено месо.“

„Како преживуваме? Со кредити.“

Меѓу најискрените коментари беше и овој:

„Како преживуваме??? Да видиме … Прво, имаш семејство со две примања. Потоа, ако имаш среќа, не плаќаш кирија – или плаќаш 450 – 500 евра. Купуваш кога има попусти, или одиш во Словенија, Италија или Босна и Херцеговина … А откако ќе ги платиш сметките, ти остануваат пари за една недела. Или правиш како скоро сите Хрвати – живееш на долг со кредитни картички.“

Она што започна како едно едноставно прашање на една филипинска иселеничка, заврши како огледало на секојдневната борба на граѓаните во земја со сè повисоки цени, ниски плати и растечки трошоци на живот.