Во станот во кој загина Сипковски имало 1,5 килограми „пентрит“, експлозив со голема разорна моќ кој се користи во воени операции

Точка

08/10/2025

14:02

1.500

Големина на фонт

а а а

Мартин Сипковски (21) е лицето што настрада во експлозијата која се случи на 1-ви октомври околу 21:30 часот во стан на Косовска улица во Белград.

Според неофицијални информации, во станот имало околу 1,5 килограми „пентрит“ експлозив кој го кренал во воздух станот што тој го изнајмувал и оштетил уште два.

Неговиот индентитет бил утврден во текот на обдукцијата и размената на податоци помеѓу српската и македонската полиција во врска со ДНК трагите. Неофицијално, се работи за млад човек со криминално досие.


Сипковски од претходно им бил познат на органите за прогон во Македонија, а медиумите минатата година го споменаа како момче кое го заменил ракометот со моделинг.

За него се пишуваше дека е првиот Македонец што потпишал договор со престижна модна агенција во Истанбул и дека е студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопје. Како што тогаш се наведуваше, поради повреда на вратот го напуштил ракометот, кој го играше за Вардар.


Мартин настрадал поради нестручно ракување со експлозивот „пентрит“, кој, според неофицијалните наводи, бил наменет за ликвидација на припадник на криминална организација од Нов Белград. Филип В. (26) е уапсен под сомнение дека му го предал експлозивот на Сипковски, кој наводно му го дал да го чува.

Од силата на експлозијата, станот во кој живеел манекенот е целосно разнесен, а оштетени се и два соседни стана.

Што е „пентрит“?

„Пентрит“, познат и по хемискиот назив пентаеритритол тетранитрат (PETN), е високоексплозивно соединение во форма на бели кристали. Поради големата разорна моќ и релативната чувствителност, се користи во детонаторите, во воени формулации и во пластични експлозиви, но претставува и сериозен безбедносен ризик доколку се складира или употребува неправилно.


PETN е многу силно енергетско соединение што често се користи како иницијален експлозив во детонаторите, но и како составен дел на некои комерцијални и воени експлозиви. Поради неговата чувствителност на удар, триење и топлина, подлежи на строги контроли при производство и транспорт. Во историјата бил злоупотребуван и во терористички напади, поради што неговата продукција и дистрибуција внимателно се надгледува во многу држави, пишува српски „Telegraf“.