ЗНАМ: Безбедниот сообраќај е одговорност на сите, силен фокус на создавање максимални услови

Макфакс

08/10/2025

13:44

127

Големина на фонт

а а а

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Куманово го претстави делот од програмата што се однесува за сообраќајот во градот и околните населени места што припаѓаат на општината. Современиот град се препознава по безбедниот, ефикасен и уреден сообраќај. Затоа, општина Куманово во новиот мандат ќе продолжи со силен фокус на подобрување на урбаната мобилност, зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и создавање инфраструктура што одговара на современите потреби на граѓаните, изјави на прес-коференцијата кандидатот за советник од листата на движењето ЗНАМ за Куманово, Игор Липковски.

Во изминатиот период, рече тој, се реализираа низа проекти што го унапредија сообраќајниот систем – реконструирани улици и тротоари, изградени кружни текови, поставена современа сигнализација и воведен бесплатен јавен превоз. Сето тоа е доволен показател Куманово да биде наречено пример за град кој се движи напред – безбедно, одговорно и со јасна визија.

„Во следниот период се предвидува:

· Целосна реконструкција на булеварите и главните сообраќајни артерии (ул. „11 Октомври“, „Доне Божинов“, „Гоце Делчев“, „Илинденска“, „Ленинова“, „Народна Револуција“, бул. „Октомвриска Револуција“ и „Трета МУБ“) и ул. Моша Пијаде.

· Изградба на три нови кружни текови за побезбеден проток и намалување на метежот.

· Нови звучни семафори на клучни крстосници за полесно движење на лицата со попреченост.

· Модерни автобуски стојалишта и проширување на линиите на бесплатниот јавен превоз.

· Фазно формирање на пешачки зони и велосипедски прстен околу централното градско јадро.

· Уредување на дополнителни паркинг-простори, вклучувајќи подземни катни гаражи и модуларни паркинзи.

· Подобрување на урбаната мобилност со системи за паметен сообраќај.

Безбедниот сообраќај е одговорност на сите – и на институциите, и на граѓаните. Секој уреден премин, секој кружен тек и секој метар тротоар значи повеќе безбедност и повеќе сигурност за нашите деца, ученици и постари граѓани“, додаде Липковски.

Куманово, како што нагласи, ќе продолжи да вложува во модерна, безбедна и достапна урбана инфраструктура, затоа што секој чекор, секое возење и секое патување во нашето Куманово мора да биде безбедно.