Во периодот што следи ќе изградиме мини полигон со симулација на сообраќај, специјално уреден простор каде децата на забавен, но целосно безбеден начин ќе учат за правилата во сообраќајот.
Полигонот ќе содржи мали улици, крстосници, семафори, сообраќајни знаци и патеки за велосипеди, за најмладите да можат, практично, да ги вежбаат ситуациите што секојдневно ги среќаваат на улица, најави Дејан Михајлов, кандидат за советинк во Советот на Општина Пробиштип.
„Тука децата ќе учат како правилно да поминуваат пешачки премин, како да се движат со велосипед, како да застанат и кога да тргнат. Се во услови кои наликуваат на вистински градски сообраќај, но без никаква опасност.
Просторот ќе биде опремен и со клупи и зелени површини, така што родителите ќе можат да се релаксираат, додека нивните деца учат и се забавуваат.
Овој мини полигон ќе стане ново омилено катче за семејствата во Пробиштип, место каде што играта и учењето се спојуваат, а децата стекнуваат здрави и безбедни навики уште од најрана возраст.
Со тоа го подигнуваме нивото на сообраќајна култура и безбедност во целата општина.
За нашите деца, за тебе, за твоето место, за твојата иднина“.