Шокантни податоци – исчезнале три милијарди птици! Злокобно предупредување за човештвото

Точка

08/10/2025

10:36

861

Големина на фонт

а а а

Научниците предупредуваат дека глобалното затоплување го менува ритамот на годишните времиња, што предизвикува птиците да се гнездат, хранат или селат во погрешно време.

Птиците ширум САД усвоиле загрижувачко однесување кое, доколку продолжи, може да има сериозни последици за природата и човечкото општество. Истражувачите откриле дека многу видови ги напуштаат своите вообичаени миграциски обрасци, додека потоплите температури во нивните зимски живеалишта го нарушуваат нивниот редовен годишен циклус.

Научникот од Универзитетот „Cornell“, Ендру Фарнсворт, предупредува дека овој тренд може да доведе до исчезнување на бројни видови птици и до драстични промени во природните екосистеми.

Птиците имаат клучна улога во одржувањето на природната рамнотежа – тие контролираат штетници, ги расфрлаат семињата и ги опрашуваат растенијата. Околу пет проценти од растенијата што луѓето ги користат за храна и лекови зависат од птиците кои ги опрашуваат. Ако популациите на птици продолжат да опаѓаат, производството на храна би можело да се намали, а цените да пораснат

.

Фарнсворт истакнува дека зголемените температури, шумските пожари и исчезнувањето на природните живеалишта го прават опстанокот на птиците сè потежок. Според проценките на „Audubon Society“, дури 389 видови птици во Северна Америка би можеле да станат ранливи на исчезнување во следните 50 години – речиси две третини од сите истражувани видови.

Од 1970 година, Северна Америка изгубила повеќе од три милијарди птици, покажува истражување на орнитолошката лабораторија на Универзитетот „Cornell“. Последиците веќе се видливи: недостигот од птици влијае на опрашувањето на тропските растенија како бананите, кафето и какаото, но и на одгледувањето на лековити растенија како алое вера и орхидеите.

Научниците предупредуваат дека глобалното затоплување го нарушува природниот календар, па птиците почнуваат да се гнездат, хранат и селат во несоодветно време.


Како резултат на тоа, многу птици пристигнуваат на местата за размножување или хранење пред да се појават инсектите и растенијата од кои зависат, што доведува до глад и намалена стапка на преживување кај младенчињата.

Научниците дополнително предупредуваат дека луѓето кои ги хранат птиците во текот на зимата, често несвесно ја влошуваат ситуацијата. Птиците стануваат зависни од вештачките извори на храна, помалку мигрираат и се изложуваат на поголема опасност од предатори.

„Постои многу тесна врска меѓу тоа каде се наоѓаат птиците и што се случува со климата", заклучува Фарнсворт, додавајќи: „Некои видови успеваат да се прилагодат, но за многу други ова е вистинска борба за опстанок.“