Што доколку човештвото не настанало на Земјата? Научниците го разгледуваат ова прашање и будно работат на барањето докази.
Оваа провокативна идеја добила „тежина“ откако научниците откриле загадочен метеорит стар околу две милијарди години во чија внатрешност била пронајдена структура слична на ДНК, речиси идентична на оние кои се наоѓаат во човековиот организам.
Ова откритие, доколку се потврди за автентично, би можело да направи целосен пресврт за сѐ што знаеме за потеклото на животот.
Научниците шпекулираат дека овие биолошки формации би можеле да бидат доказ дека семето на животот не настанало на Земјата туку дека е донесено од вселената, можеби по пат на древни метеорити кои паѓале на нашата планета пред да се појават првите микроорганизми.
Таквата теорија, позната како панспермија, веќе со децении ги интригира научниците. Таа сугерира дека првите облици на живот или барем нивните основни градбени елементи, пристигнале од космосот, патувајќи низ вселената заробени во карпи и астероиди.
Доколку се потврди дека структурата на овие метеорити е навистина генетски слична на човековата, тоа би значело дека не сме „родени“ на Земјата туку сме потомци патници од длабочината на вселената.
Во тој случај, сѐ што знаеме за еволуцијата, за настанувањето на животот и човековата историја би можело да бара целосно ново толкување.
Можеби не сме првите жители на Земјата, можеби сме само посетители кои одамна заборавиле од каде дошле...