Џенифер Лопез и Бен Афлек ја изненадија јавноста со заедничко појавување на црвениот тепих, само неколку месеци по нивниот развод. Поранешните сопружници позираа заедно во понеделник вечерта на премиерата во Њујорк на новиот филм „Kiss of the Spider Woman“, во кој 56-годишната Лопез глуми, а 53-годишниот Афлек е извршен продуцент, пренесува „Дејли мејл“.
За оваа пригода, Лопез одбрала впечатлива скулптурална облека од дизајнерката Харис Рид, чиј корсет наликуваше на пајакова мрежа, од колекцијата пролет 2026. Афлек се одлучи за класична елеганција, носејќи темно сино одело и бела кошула.
Иако го финализираа разводот во јануари оваа година, само 20 недели откако пејачката поднесе барање за развод, двојката изгледала многу срдечно на настанот. Афлек бил полн со пофалби за својата поранешна сопруга и режисер Бил Кондон.
За време на воведот на филмот, Афлек ја нарекол Лопез „неверојатна“ и го пофалил режисерот за „неверојатната работа“.
„Мојата цел беше да ги охрабрам големите уметници, да раскажам трогателни приказни, да обезбедам одлични можности тие големи приказни да бидат раскажани и да се работи со најдобрите режисери во светот со најдобриот материјал“, рекол Афлек, чија продуцентска компанија „Artist Equity“, која ја води со Мет Дејмон, е ко-продуцент на филмот. „Во овој филм, го направивме сето тоа и ни е чест да бидеме тука.“