Шарлиз Терон која во 1999 година глумела со Џони Деп во филмот „Жената на астронаутот“, наводно случајно или не го заобиколила на ревијата на „Dior“ за пролет/лето 2026 година во текот на модната недела во Париз.
Актерката се поздравила со Бернар Арно, претседател и извршен директор на компанијата „LVMH“, своевремено најбогат човек на светот и Брижит Макрон, првата дама на Франција.
Иако стоел покрај Брижит, Шарлиз не го видела Деп којшто чекал да го поздрави.
Наместо тоа, Шарлиз едноставно поминала покрај него што довело до многу непријатна ситуација. На него се видело дека актерот се изнервирал...
Сепак, извор за „Page Six“ тврди дека ова не е ништо посебно затоа што настанот бил малку хаотичен, а бројот на луѓе голем, па можно е актерката навистина да не го видела Деп.
Не е целосно јасно поради што Шарлиз би можела да го игнорира Деп, но потсетете се дека тој во 2018 година беше обвинет за семејно насилство од страна на поранешната сопруга Амбер Херд.
Една година пoдоцна Деп поднесе тужба за клевета и победи во 2022 година добивајќи 10 милиони долари надомест на штета и 5 милиони казнена отштета.
Херд иницирала контратужба и добила 2 милиони долари компензација.
Враќањето на Деп во кариерата се случи во 2023 година со улогата во францускиот филм „Жан ди Бари“, а истовремено потпишал и договор од 20 милиони долари со „Диор“.
Од друга страна, Терон веќе две децении е заштитно лице на парфем на „Диор“ и, и натаму е амбасадор на брендот за накит и производи за нега на кожа.