MTEЛ ја носи најдобрата домашна содржина во Македонија: нов каталог на TS Media за сите филмски уживања на едно место!

Точка

06/10/2025

21:45

145

Големина на фонт

а а а

Над 5000 наслови и 2000 часа програма што вреди да се гледаат! МТЕЛ со гордост објавува дека на македонскиот пазар го носи новиот TS Media, мултимедијалниот сегмент на Телеком Србија, со јасна мисија: да ви понуди единствен и моќен екосистем на врвна регионална продукција, дистрибуција и дигитални медиумски иновации.

По долгогодишно успешно присуство на регионалниот и меѓународниот пазар, TS Media влегува во нова развојна фаза, отворајќи простор за нови жанрови и формати и зацврстувајќи ја позицијата на еден од најсилните медиумски брендови на Западен Балкан – сега достапен и за корисниците на МТЕЛ!

Филмски хитови и богата понуда за сите генерации

Покрај играните серии и филмови кои веќе остварија култен статус и ја одбележаа телевизиската продукција во последната деценија, TS Media носи уште поширока и побогата понуда. Публиката во Македонија сега ќе има можност да ужива во:

Филмски и Сериски Хитови: Наслови како Убице мога оца, Јужни ветар, Недеља, Марш на Дрину, Скупљачи перја и многу други.

Документарни емисии: Како, на пример, документарецот Неуспех првака.

Детски програми: Како што е емисијата Баш супер клинци.

Музички програми: Содржини од Саша Матиќ, Аца Лукас и многу други.

Спортски содржини, подкасти (како Telcast) и едукативни формати.

Овој чекор на МТЕЛ заедно со Телеком Србија има јасна цел – да им пружи на корисниците во Македонија мултимедијално искуство кое интегрира забава, култура, знаење и инспирација, потпирајќи се на најсовремените светски стандарди.

Регионален бренд со глобален дострел

TS Media не само што ја претставува српската и регионалната креативна индустрија на најдобар начин, туку преку партнерства со најголемите светски компании, како што се Amazon, HBO и Disney+, српскатата продукција пронајде пат до глобалната публика.

Содржината на TS Media е достапна на повеќе од 35 територии и допира до преку 60 милиони гледачи ширум светот. Фактот што Белград и TS Media годинава за прв пат во Србија беа домаќини на полуфиналното жирирање за престижната интернационална Emmy награда само ја потврдува нивната светска репутација.

Сега, најдоброто од регионалната продукција е достапно во вашиот дом, благодарение на МТЕЛ.