Меган Маркл доживеала малку незгоден момент со италијанскиот моден дизајнер Пјер Паоло Пичоли за време на нејзиното изненадувачко појавување на Модната недела во Париз.
Имено за време на поздравувањето, двајцата се судриле со главите, а многумина коментираа дека изгледало како да ќе се бакнат во уста. Незгодната сцена ја забележале камерите.
Видеото стана вирално на социјалните мрежи
Војвотката се обидела со бакнеж во образ да му честита на Пичоли, новиот креативен директор на Баленсијага, за неговата колекција пролет/лето 2026 година.
Меѓутоа, при наведнувањето се случил незгоден судир, при што се чини дека Меган со носот удрила во неговите очила за сонце. Свесен за камерите, Пичоли се насмеал, ја зграпчил раката на Меган и ја повлекол за заедно да позираат за фотографите. Војвотката му се заблагодарила на дизајнерот, а средбата завршила со кратка прегратка.
Елегантно издание и пофалби за дизајнерот
Меган блесна на настанот во елегантна бела модна комбинација, а изгледот го надополни со црни потпетици и едноставни модни додатоци, додека косата ѝ беше собрана во елегантна пунџа.
Портпаролот на војвотката рече дека таа „долго време се восхитувала“ на „работата и модерната елеганција“ на Пичоли.
Прва посета на Европа по долго време
Ова е воедно нејзино прво појавување Модната недела и прво патување во Европа од Игрите „Invictus“ во 2023 година, кои се одржаа во Дизелдорф.