Прв бод за Шкупи во ПМФЛ, Брера со гол од пенал се спаси од пораз

Дерби

04/10/2025

17:55

137

Големина на фонт

а а а

Без победник и со идентичен резултат завршија дуелите Шкупи-Работнички и Брера Струмица-Башкими во Првата македонска лига.

Скопското соочување заврши 1-1 и со тоа чаирчани дојдоа до првиот бод во натпреварувачката 2025/2026. Шкупи поведе со 1-0 со голот на Шику кој дојде по грешката на голманот Јакимов.

„Романтичарите“ потоа возвратија преку Адем во вториот дел, потоа и притискаа за комплетен пресврт, меѓутоа не успее да дојдат до таа цел.

Во Струмица пак, домашната Брера со гол од пенал во завршницата се спаси од пораз со Башкими. Аворнио во 35. минута стрелаша за гостите кои водеа се до 89 кога Ндзенге беше сигурен од белата точка.