Лацио со доста мака успеа да остане непоразен во драматичниот меч со Торино кој попладнево се одигра на „Олимпико“.
Домаќините двапати беа во негатива на овој натпревар со 1-0 и 3-2, но со гол во 103 минута од пенал се изборија за реми од 3-3.
Симеоне донесе почетна радост за „биковите“, но потоа на сцена стапи Канчелијери кој со два гола го сврте резултатот и донесе радост за Лацио.
Гостите одговорија во вториот дел, прво Адамс израмни на 2-2 во 73 минута, додека Коко во 92 стрелаше за 3-2. И кога се чинеше дека избраниците на Сари ќе доживеат нов пораз во својот дом, домашните фудбалери се изборија за пенал по кој одговорноста ја презема Каталди и прецизно биеше за конечни 3-3.
ТУКА погледнете ги головите.
На втората средба во истиот термин Парма загуби од Лече со 1-0.