Арсенал и Манчестер Јунајтед ја оправдаа улогата на фаворити и славеа над Вест Хем и Сандерленд во натпреварите во Премиер лигата.
„Топчиите“ ги добија „чеканите“ со 2-0 во средба во која Сака дојде до еден убав јубилеј во најсилната англиска фудбалска конкуренција. Сака во 67 минута беше прецизен од белата точка и со тоа дојде до бројката 100 во Премиер лигата или поточно директно е „виновен“ за 100 погодоци на Арсенал во шампионатот (55 гола и 45 асистенции).
🔴 @Arsenal through and through 🌟
— Premier League (@premierleague) October 4, 2025
Bukayo Saka reaches 100 goal involvements in the Premier League 👏 pic.twitter.com/LlNuK17wM4
Во листата на стрелци се запиша и Деклас Рајс во 38 минута. (ТУКА можете да ги видите головите).
Манчестер Јунајтед игра лошо на страна, но е сигурен на „Олд Трафорд“ каде врза три победи или вкупно сезонава има освоено 9 од 12 бода (загуби само од Арсенал).
Избраниците на Аморим триумфираа со 2-0 со два гола во првиот дел кои ги постигнаа Маунт и Шешко. (ТУКА можете да ги погследнете)