[ВИДЕО] „Биковите“ го запреа Дортмунд, Леверкузен конечно ја сочува својата мрежа

Дерби

04/10/2025

17:51

128

Големина на фонт

а а а

Екипата на РБ Лајпциг ја прекина победничката серија на Борусија Дортмунд во Бундеслигата и тоа откако попладнево му оддолеа на ривалот на соочувањето на „Сигнал Идуна Парк“.

Дортмунд влезе во овој меч со четири победи во низа, учинок кој го имаа и „биковите“, па на крајот двете екипи останаа непоразени, но мораа да се задоволат со реми од 1-1. Двата најзначајни моменти се случија во првиот дел во 7 и 23 минута кога Баумгартнер и Коуто се запишаа во листата на стрелци. (ТУКА погледнете ги головите)

Баер Леверкузен пак за првпат сезоната ја сочува мрежата во шампионатот, а уште поважно и славеше над Унион Берлин со 2-0.

Поку и Кофане донесоа триумф, славје број три во шестата рунда во првенството. (ОВДЕ можете да го погледнете погодоците)

Останати резултати: Аугзбург-Волфзбург 3-1, Вердер-Ст.Паули 1-0.