Горд сум на сѐ што успеавме да реализираме. Нашата работа се гледа во секое поле: од изградба и реконструкција на училишта и градинки, преку подобрување на патната инфраструктура, до инвестиции во спортот, културата и животната средина.
Сето тоа придонесе за поквалитетен живот на сите охриѓани, вели Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
„Кога ја презедовме општината, долгот изнесуваше околу 14 милиони евра, без долговите на јавните претпријатија. Веднаш пристапивме кон финансиска консолидација и планови за раздолжување. За помалку од две ипол години, сметката на општина Охрид беше одблокирана, а потоа ги консолидиравме и јавните претпријатија, што доведе од друга страна, до целосно раздолжување на ЈП „Нискоградба“ а секако и финансиска стабилизација на останатите јавни претпријатија. Ова домаќинско работење значеше и крај на непотребното вработување. За првпат, по четири години, вкупниот број на вработени во сите јавни претпријатија и локалната самоуправа е намален за 70 лица“.
Овој успех, додава тој, ни овозможи да започнеме со реализација на капитални проекти кои беа ветување со децении наназад. Докажавме дека можеме и знаеме да направиме промени. Овие успеси се резултат на заедничката енергија, транспарентност и одговорно управување.
Нашата мисија не завршува тука. Ова е само почеток, а пред нас стојат нови предизвици и уште поголеми цели. Новата изборна програма е плод на темелна анализа, со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид, кој живее во хармонија со своето езеро и културно наследство“.
Во програмата, како што рече, голем дел од енергијата е посветен на изградба на современа општинска инфраструктура.
„Реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“.
Изградба на уште една катна гаража во спортискиот комплекс „Билјанини Извори“ и на Младински културен центар.
Уредување на кејот во Пештани и уредување на градскиот пазар.
Проекти за канализација и патишта во Трпејца, Долно Лакочереј, Орман, Чекоштина и другите населени места.
Инвестиции во училиштата и детските градинки, вклучувајќи и поставување на фотоволтаици за енергетска ефикасност.
Ќе го воведеме Охрид во дигитална ера. Ќе ги дигитализираме јавните услуги и ќе ја зголемиме транспарентноста. Ќе воведеме QR-кодови за документи, плаќање на такси преку СМС и дигитализација на седниците на Советот. Граѓаните ќе можат електронски да ги поднесуваат барањата и да го следат статусот на своите предмети.
Ќе ја поддржуваме локалната економија со поддршка на малите бизниси и занаетчиството, како и со привлекување на странски инвестиции. Ќе формираме локален иновациски фонд за млади претприемачи.
Нашата цел е чиста, зелена и енергетски ефикасна општина, за што веќе Советот на општина Охрид ја изгласа физибилити студијата. Продолжуваме со организација на редовни акции за чистење на езерскиот брег, поставување на модерни корпи за селекција на отпад и засадување на нови дрвја. Ќе работиме за заштита на езерото преку строга контрола на отпадните води и ќе ги субвенционираме граѓаните за соларните панели.
Во областа на туризмот, ќе ја промовираме нашата дестинација како одржлива и инклузивна. Ќе изработиме стратегија за туризам 2025-2030, со фокус на еко, културен и авантуристички туризам.
Културата е срцето на Охрид, па затоа планираме реконструкција на домовите за култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ. Ќе ја поддржуваме традицијата, и покрај постоечките Вино фест, Охрид Ватер Фестивал, Џез фестивал, како и Коктел фест, ќе воведуваме и нови настани, како што е Охридски џез фестивал со интернационална вечер и Фестивал на креативни индустрии.
Оваа програма е посветена на сите вас, драги сограѓани, со цел да го направиме Охрид уште подобро место за живеење. Таа е наша заедничка обврска и наш пат кон просперитетна иднина.
Пред четири години, чесно и достоинствено ја побарав вашата доверба. Денес, повторно стојам гордо, со исправена глава. Охрид не смее да застане. Охрид мора да продолжи да се развива! Знаеме како, покажавме дека умееме и продолжуваме уште помотивирани и со побогато искуство. Заедно, за уште поубав Охрид“, вели Пецаков.