[ФОТО] Маж со „Audi“ го истуркал од патот, а потоа направил уште пострашна работа – сега го бара целиот Балкан

Точка

02/10/2025

18:03

1.286

Големина на фонт

а а а

Познато е дека несовесните возачи често ги оставаат сите без зборови со своите бизарни гестови, но најновиот случај на безобразие на патиштата шокира многумина. Инцидентот се случил пред неколку дена во Горња Бистрица, кога постар маж со црвено „Audi A3“ удрил друго возило и побегнал од местото на несреќата.

Во Фејсбук групата „Policija zaustavlja – Krapinsko zagorska županija“ осамнала фотографија од удрениот „Citroën“, кој при контактот во возење бил буквално истуркан од патот. Настанот ги разбесни корисниците од Хрватска и регионот, особено поради фактот дека сторителот побегнал и дека автомобилот бил без регистарски таблички. Луѓето веднаш реагирале, нудејќи помош и барајќи информации за виновникот.

„Утрово нè истурка од пат автомобил марка "Audi A3", постар маж, црвена боја, малку пред влез во Горња Бистрица. Додека разговаравме со полицијата на телефон, човекот побегна. Автомобилот беше без таблички. Човекот има околу 50 години, со маица на кратки ракави и панталони, облеката му беше извалкана од боја. Ако сте го забележале или сте се сретнале со него, јавете се на страницата (сè анонимно). Такви луѓе се опасност на патот, а за човечност и карактер немам коментар. Благодариме на сите кои понудија помош пред доаѓањето на полицијата“, стои во објавата.

Инцидентот предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи, каде што граѓаните повикаа на претпазливост и солидарност во сообраќајот, но и на построги санкции за несовесните возачи.

13.20 ⚠️⛔️⛔️ POMOĆ ! TRAŽI SE ! Danas ujutro izgurao nas je s ceste auto marke Audi A3 stariji, crvene boje, malo prije...

Posted by Policija zaustavlja-Krapinsko zagorska županija on Thursday 25 September 2025