Претекнување преку две ленти со вклучени флешери, газење на линиите за застанување на пешачки премин каде поминуваа пешаци, преминување од втора лента за приклучување на друга улица пред автобус кој чека на семафор за потоа низ крстосницата да се врати на булеварот.
Вака изгледаше „лудото“ возење со автомобилот сопственост на СОЗР, а во кое се превезува министерот за здравство Азир Алиу. Сето ова, се случуваше на булеварот „Партизански одреди“ кој е еден од најфреквентните, објавува порталот Скопје1.мк. пренесува НетПрес.
Снимката предизвика револт, особено што, возачот употребил и флеш-светилки. Дали во автомобилот, во критичниот момент бил и министерот – тој не одговори. За „Скопје1“ посочи дека возачот ќе сноси одговорност.
„Започната е адмнистративна постапка за возачот и истиот исто така е казнет од страна на МВР“, вели во кусот одговор, без да одговори на нашето прашање, дали бил со него во критичниот момент.
Навидум, опасносто возење, се случува токму на потегот каде досега има неколку повредени пешаци, а каде велосипедист загина – во Карпош 4 пред „Сити мол“.