Откако американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, во Квантико, пред стотици генерали и во присуство на претседателот Доналд Трамп, остро ги критикуваше „дебелите генерали“, различноста и, како што рече, „токсичниот идеолошки отпад“, социјалните мрежи експлодираа со реакции.
Хегсет порача дека завршува „војната против војниците“ и дека армијата мора да ги врати највисоките стандарди на дисциплина, изглед и физичка подготвеност. Потенцираше дека нема да има место за бради, долга коса, родова политика, ниту за „намалување на критериумите“.
Меѓутоа, веднаш по говорот, на интернет почнаа да кружат фотографии од тетоважите на Хегсет. На неговите раце и гради се гледаат симболи и пораки поврзани со крстоносните војни, американскиот конзервативен патриотизам и милитаристичка иконографија.
На градите носи голем крстоносен симбол, на раката натписот „Deus Vult“ (крстоносен слоган од 11. век) и пораки како „We the People“. Други тетоважи вклучуваат змија со копје, како и штит со меч и натпис на латински: „Ne desit virtus“ („Нека не изостане доблеста“).
Исто така, Хегсет на внатрешната страна од десната надлактица има тетоважа на која со арапско писмо е напишан зборот „kafir (неверник)“, што многу критичари го сметаат за навредливо за муслиманите, особено кога ќе се земе предвид останатата крстоносна иконографија што е истетовирана на неговото тело.
Многу корисници на социјалните мрежи го исмејуваат неговиот говор за дисциплина и изглед, потсетувајќи на неговиот сопствен непрофесионален стил. Еден коментар што привлече внимание гласеше:
Nothing funnier than a dude who looks like he flunked out of Aryan Brotherhood MC tryouts lecturing others on their ‘unprofessional appearance’ https://t.co/VTlqrxXLRO pic.twitter.com/iiIKVADqWr
— Omar El-Ayat (@oelayat) September 30, 2025
„Нема ништо посмешно од тип кој изгледа како да не поминал ни аудиција за „Aryan Brotherhood“, а сега држи лекции за непрофесионален изглед“.