Во Скопје вчера биле пријавени два одделни случаи на меѓуврсничко насилство.
Првиот случај го пријавила мајката на 14-годиишно девојче, дека подолг временски период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината ќерка.
-Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје, С.П.(44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината 14-годишна ќерка, додека на 24.09.2025 ѝ упатиле закани преку мобилна апликација, стои во полискиот билтен.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за рачистување на случајот.
Вториот случај го пријавил таткото на малолетно момче, кое физички било нападнато од неколку негови соученици.
-Во СВР СКопје вчера во 13:45 часот, Т.Т.(57) од Скопје пријавил дека на 25.09.2025 околу 11:30 часот во спортска сала од основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици, се вели во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.