Менаџерот на Палас не стравува за „лутиот“ Геи: Немаше никакви закани од негова страна

Дерби

26/09/2025

14:18

318

Големина на фонт

а а а

Кристал Палас го стави Марк Геи во незгодна ситуација, откако неговиот договорен трансфер во Ливерпул пропадна во последен момент, па дефанзивецот ќе остане во лондонскиот клуб најмалку до јануари.

Медиумите пренесоа дека Геи очекувано бил бесен по ваквиот епилог и се заканил дека ќе се откаже од капитенската лента, но менаџерот Оливер Гласнер вели дека соработува со неверојатна личност која никогаш нема да му го сврти грбот на актуелниот клуб.

– Комплименти за него бидејќи во ниту еден момент не се закани со штрајк или друг начин на изразување на своето незадоволство.

– Затоа и никогаш не бев посебно загрижен за ситуацијата, тој останува наш капитен се додека е тука, бидејќи е фантастичен човек и фудбалер.

– Сите можеа да видат како настапуваше за Англија, беше 100 проценти фокусиран, а истото го прави и во клубот. Шпекулациите дека се повлекува од капитенската улога беа неточни, – истакнал Гласнер.