Хари Кејн игра во одлична форма на почетокот на новата сезона, а постигнатите голови во дресот на Баерн Минхен го доведоа во ситуација да поставува и нови рекорди.
Еден од нив може да падне вечерва, односно на дуелот на Баерн со Вердер и тоа ако англискиот репрезентативец постигне најмалку два гола.
Кејн може да стане фудбалер кој најбрзо стигнал до 100 постигнати голови за еден клуб од Топ 5 лигите во овој век, подобрувајќи го досегашниот рекорд, чии заеднички сопственици се Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд.
Роналдо и Халанд стигнаа до бројката 100 по 105 одиграни натпревари за Реал Мадрид, односно Манчестер Сити, а Кејн може да го заокружи јубилејот со еден натпревар помалку.
Откако дојде во Баерн, Кејн на официјалните натпревари има постигнато 98 голови на 103 натпревари.