Трагичната смрт на Диого Жота иницираше повеќе важни потези повлечени од раководството на неговиот последен клуб Ливерпул, а „црвените“ ја реализираа и најавата за поддршка за семејството на Португалецот.
Менаџерот Арне Слот вчера потврдил дека Ливерпул веќе ги исплатил сите пари предвидени со договорот на Жота на неговата сопруга, со што семејството на фудбалерот ќе добие сериозна финансиска поддршка за наредниот период.
Жота имаше уште две години од договорот со премиерлигашот.
– Веќе кажав дека сум многу горд на реакцијата на фановите, но она што го направи менаџментот…
– Сопствениците најчесто добиваат само критики, но начинот на кој се носеа со оваа ситуација, исплаќајќи го целиот договор на неговата сопруга и деца… Можеби луѓето мислат дека тоа е нормално, но во фудбалот не е така, – рекол Слот.