[ФОТО] Кинески гигант го ископира "Rolls-Royce": Луксузниот "SUV" изгледа како "Cullinan"!

Точка

25/09/2025

20:51

732

Големина на фонт

а а а

Објавени се првите фотографии од кинескиот луксузен "SUV" кој неверојатно потсетува на „Rolls-Royce Cullinan“.

Кинеската технолошка компанија „Dreame“, позната по производството на правосмукалки, го претстави својот прв луксузен "SUV" кој со дизајнот многу наликува на британскиот оригинал „Rolls-Royce Cullinan“.

Моделот со масивна предна маска, задни врати што се отвораат наназад и луксузни седишта во кабината јасно ја открива инспирацијата со прочуениот британски бренд.


За сега е познато дека "SUV" моделот ќе користи батерија со капацитет од 100 kWh со опција за продолжување на автономијата и четири независни електромотори.

Адаптивна суспензија, вртење на задните тркала до 24 степени, како и примена на лидар и радар се дел од најавените технологии.


„Dreame“ планира моделот да пристигне на пазарот во 2027 година, а паралелно работи и на луксузна лимузина инспирирана од „Bugatti“.

Компанијата наведува дека возилата ги развива во Европа, а производството ќе биде поврзано со локацијата на „Tesla“ во Берлин.


Извесно е дека „Dreame“ агресивно влегува на пазарот на луксузни автомобили, и тоа преку модели кои воопшто не кријат колку должат на дизајнерската инспирација од најголемите светски марки.

Повеќе технички детали се очекуваат наскоро.