Барселона избегна најлошо сценарио за Фермин, но соопшти уште една лоша вест за важен првотимец

Дерби

22/09/2025

15:53

444

Големина на фонт

а а а

Фермин Лопез го дочека на земја последниот судиски свиреж на вчерашниот натпревар против Хетафе и го вклучи алармот кај медицинскиот тим на Барселона, а поради тоа што стануваше збор за повреда на специфично место, се стравуваше и од најлошо можно сценарио.

За среќа, каталонскиот великан попладнево објави дека е избегнато најлошото сценарио и дека Фермин избегал потешка мускулна повреда на препоните, па наместо три месеци, предвидувањата се да паузира околу три седмици.

Ова секако е поволна вест со оглед на стравувањата кои беа присутни во Каталонија, но од друга страна, информацијата не е баш така добра кога е во прашање Гави.

Играчот за врска трета недела по ред применуваше конзервативен третман и се обидуваше да го реши проблемот со своето оперирано колено, но откако не забележал напредок каков што посакува, едногласно со клубот е донесена одлука да оди на операција.

Гави ќе подлегне на артроскопски зафат за да се види тежината на повредата на менискусот, а по санирање на истата, Барселона ќе излезе со ново соопштение за паузата која ќе биде потребна да се направи.