Лука-манија на „Фриули“: Навивачите од Удине препознаа класа и му се поклонија на Модриќ

Дерби

21/09/2025

12:46

2.768

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ е голем фудбалски мајстори и реши на залезот од кариерата да се испроба и во Серија А, па иако пред извесно време наполни 40 години, Хрватот од коло во коло покажува дека се уште е во врвна форма.

Легендарниот играч кој испиша историја во Реал Мадрид реши да ја продолжи кариерата откако не доби нов договор од „кралевите“, а откако потпиша за Милан, „росонерите“ едноставно се заљубени во класата и понизноста на големиот фудбалски мајстор.

Модриќ прераснува во диригент на оркестарот кој го предводи Масимилијано Алегри, но покрај тоа што добива комплименти од соиграчите и навивачите на Милан, признанија добива и од целокупната италијанска јавност.

Најдобар доказ за вчерашното видео кое доаѓа од Удине, а на кое се гледа како Хрватот добива стоечки овации кога беше повлечен од игра.

Милан го победи Удинезе со 0:3 и прашањето околу победникот беше решено, но тоа не влијаеше врз навивачите на домашниот клуб кој режираа стоечки овации за Лука кога излезе во 80-та минута.