[ФОТО] Најголемо изненадување меѓу засилувањата: Има само еден недопирлив играч за Чаби од стартот на сезоната

Дерби

21/09/2025

12:45

2.353

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо ги дозира своите најголемите ѕвезди и уште на самиот старт на сезоната најави дека ќе има доста ротации во неговиот тим, но после комплетирани пет рунди и едно коло во Лигата на шампионите, полека се извлекуваат заклучоци за извонредниот почеток на „кралевите“.

Реал започна перфектно и има максимални шест победи на исто толку одиграни натпревари, а статистиката покажува дека тренерот посебно им верува само на неколку играчи кои можат да се избројат на прсти.

До вчерашниот натпревар со Еспањол, имаше четворица играчи на Реал кои ги одиграа сите минути од стартот на сезоната, но по средбата со составот од Барселона, на овој список останаа само две имиња.

Килијан Мбапе и Орелијан Чуамени беа заменети во самата завршница, што значи дека покрај Тибо Куртоа, единствен недопирлив за Чаби од играчите од поле е Алваро Карерас.

Левиот бек кој пристигна од Бенфика извонредно го положува испитот на стартот на сезоната, па откако доби безброј пофалби за својата игра во одбрана, се подобар е и во офанзивниот дел по левата страна.

Чаби очигледно слепо верува во квалитетите на летното засилување и до овој момент тој е единствениот кој ги одигра сите натпревари за Реал, без оглед на тоа што има сериозна конкуренција во Фран Гарсија и Ферлан Менди.