На отворањето на „Хајдифест“, прославата која Хајди Клум ја организирала во Минхен во пресрет на „Октоберфест“, вниманието било насочено само кон неа.
Во средиштето на настаните се нашла Хејли Хаселхолф, ќерка на актерот Дејвид Хаселхоф која со своето појавување ги воодушевила присутните и го одбележала настанот на впечатлив начин.
Враќање на сцена после тежок период
Хејли на фестивалот се појавила во елегантен црн фустан, а нејзиниот изглед којшто бил самоуверен и моќен, носел моќна порака.
Таа во последниве месеци не се појавувала во јавноста, повлекувајќи се по трагичната смрт на нејзината мајка Памела Бас Хаселхоф која била пронајдена во семејната куќа во Лос Анџелес.
Затоа нејзиното враќање било дочекано со топли зборови на поддршка.
Од рано детство под рефлекторите
Како ќерка на познатиот актер Хејли многу рано зачекорила во светот на забавата. Актерската кариера ја започнала во гостување во серијата „Baywatch“, а кај пошироката јавност привлекла внимание во серијата „Huge“.
Кариера во моделингот и борба за инклузија
Со моделинг се занимава од 14 година, а соработувала со бројни познати агенции како „Wilhelmina Models“ и „Ford Models“.
Исто така работела и со брендовите како што се „Torrid“ и „Simply Be“, често претставувајќи колекции за жени со облини.
Голем чекор во нејзината кариера се случил во 2021 година кога станала прва плус-сајз манекенка на насловна страница на германското издание на „Playboy“.
Трагедија која сменила сѐ
Еден од најтешките моменти во нејзиниот живот се случил во март 2023 година кога ја нашла мртва својата мајка во семејната вила.
Памела Бас Хаселхоф се самоубила, а трагедијата оставила длабока трага на животот на Хејли и нејзината сестра Тејлор.
Наместо да се повлечат во тишина, тие одлучиле својата приказна да ја споделат и да им помогнат на другите.
„Не се обидувавме да ги поврземе точките. Одитовме директно на местото каде ја сакаме својата мајка – без обвиненија, без срам. Кога некој ќе умре поради самоубиство, природно се појавува чувство на грижа. Но, не треба да ги обвинувате нив. Нивната душа и дух се тука. Ајде да ги славиме, ајде да ги сакаме“.