Само 1 од овие 3 ризик-фактори во комбинација со замастен црн дроб го зголемува ризикот од смртен случај – тврдат докторите во истражувањето

Точка

21/09/2025

12:00

611

Големина на фонт

а а а

Три чести заболувања поврзани со срцето можат да го зголемат ризикот од смрт како последица на болести на црниот дроб и до 40 отсто, покажале истражувањата.

Во медицината позната како болест на масниот црн дроб, поврзана со метаболичка дисфункција, оваа болест не е последица на прекумерно консумирање алкохол којшто е најчеста причина за проблеми со црниот дроб, пишува „Дејли Мејл“.

Наместо тоа MASLD настанува кога вишокот масти ќе се наталожат во црниот дроб.

Меѓутоа, американските научници откриле дека високиот крвен притисок, дијабетес тип 2 и ниското ниво на липопротеини со висока густина (HDL) т.н. добар холестерол, значително го зголемуваат ризикот од смрт предизвикан од ова заболување.


Истражувачите кои анализирале здравствени картони од повеќе од 134.000 пациенти, откриле дека само високиот крвен притисок го зголемува ризикот од смрт за 40 отсто.

Кај оние со дијабетес тип 2 и ниско ниво на HDL кој долго се сметал за добар затоа што доказите велат дека го штити срцето, ризикот бил зголемен за околу петтина.

Експертите веќе долго предупредуваат дека седечкиот начин на живот и сѐ поголемата употреба на ултра-преработена храна богата со соја, масти и шеќер придонесуваат во развојот на ова заболување, особено меѓу младите.

Д-р Метју Џуквич, специјалист за трансплантациска хематологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија и главен автор на студијата, изјавил:

„Досега вообичаено се сметаше дека дијабетесот е најголем здравствен проблем кај пациентите со MASLD, што е важно сознание“.

Д-р Нора Теролт, хепатолог на Универзитетот во Јужна Калифорнија и коавторка на студијата, додала:

„MASLD е комплицирана болест, а оваа студија дава ново светло за тоа каде докторите треба да го насочат вниманието при лекување на пациентите. Знаењето за тоа кој аспект на MASLD може да доведе до лош исход, помага да дадеме најдобра можна нега“.


Во истражувањата проучени биле здравствени податоци од над 134.000 луѓе во период од 1988 до 2018 година.

Откриено било дека 21.872 испитаници имаат MASLD и најмалку еден кардиометаболички ризик фактор, како гојазност или висок крвен притисок.

Откако биле земени предвид факторите кои би можеле да ги нарушат резултатите, научниците заклучиле дека високиот крвен притисок, дијабетес тип 2 и ниското ниво на HDL холестеролот, се три кардиометаболички ризик фактори кои најчесто се поврзани со смрт од MASLD.