Лионел Меси ја напушти ЕВропа за да има доста помирен живот на теренот и надвор од него, но не може да се каже дека Аргентинецот не се залага максимално на секој натпревар кој го игра за Интер Мајами.
Големата фудбалска ѕвезда значително влијаеше врз публицитетот на МЛС лигата во изминатите две години и прерасна во најголема ѕвезда, а како играч со таков статус, се најде во центарот на вниманието и рано утрово.
Интер Мајами го победи Ди-Си Јунајтед до 3:2, а креатор на победата беше извонредниот аргентински мајстор, кој уште еднаш покажа дека поседува магија во левата нога.
That left foot 🤯💫
— 433 (@433) September 21, 2025
An 𝙄𝙉𝙎𝘼𝙉𝙀 banana assist 🍌 by Messi
🎥 @MLS pic.twitter.com/xT31FmYeJO
Меси го отвори натпреварот со спектакуларно „банана“ додавање и му асистираше на Алејнде за водство од 1:0, а откако Ди-Си се врати во игра, Лео решаваше и со два погодоци.
Аргентинецот на двапати погоди во второто полувреме и го реши прашањето околу победникот, па гостите во самиот финиш постигнаа уште еден гол за конечни 3:2.