Гастрономија во ритамот на Битола: Mark de Jong во Gold Felicia

Точка

19/09/2025

12:09

185

Големина на фонт

а а а

Оваа есен, Битола ќе пулсира во ритам на вкусови и добра музика. На 28 септември (недела), од 12:00 до 16:00 часот, ресторанот Gold Felicia – Битола ќе стане сцена каде што гастрономијата и уметноста се среќаваат во едно попладне исполнето со страст и атмосфера.

Во центарот на настанот ќе биде Mark de Jong, еден од најпознатите шефови во Македонија, кој ќе готви во живо пред публиката, претворајќи ја салата во креативна гастро-сцена со мириси, бои и енергија.


Наместо класично мени, гостите ќе имаат можност да откриваат вкусови преку специјално подготвена селекција од неколку уникатни јадења, создадени исклучиво за овој настан — и сами да избираат и комбинираат, создавајќи сопствено гурманско доживување во пријатна и опуштена атмосфера.

„Сакам храната да ја раскаже приказната на Gold Felicia,“ открива шеф Mark. „Ќе играм со боите и атмосферата на кабарето — целата маса да изгледа како мини сцена, а секој залак да носи дел од тој свет.“

📌 Бројот на места е ограничен — резервирајте навреме!

📞 +389 75 316 974

📍 Gold Felicia – Битола

Комерцијален текст