„Audi“, новиот бренд што заеднички го започнаа „Volkswagen“ и кинескиот производител „SAIC Motor“, го претстави својот прв модел – „E5 Sportback“, чија конкурентна цена донесе извонредни почетни резултати.
Моделот беше официјално промовиран со почетна цена од 235.900 јуани (околу 28.195 евра), иста како и претпродажната цена.
Само 30 минути по завршувањето на настанот, „SAIC Audi“ на платформата „Weibo“ соопшти дека се примени 10.153 нарачки за „E5 Sportback“.
Станува збор за лимузина од средна класа, со „touring“ дизајн, базирана на напредна дигитализирана платформа развиена преку соработката меѓу „Audi“ и „SAIC“.
Нејзините димензии се 4.881 mm должина, 1.960 mm ширина и 1.479 mm висина, со меѓуоскино растојание од 2.950 mm. Тие параметри се блиски до моделот „Nio ET5 Touring“, кој е долг 4.790 mm, широк 1.960 mm и висок 1.499 mm, со меѓуоскино растојание од 2.888 mm.
„Audi“ нуди четири нивоа на опрема за „E5 Sportback“. Лимузината со пет седишта е достапна со погон на задни тркала и со погон на сите четири тркала. Верзијата со погон на задни тркала има два мотора на располагање – со 295 и со 408 коњски сили. Забрзувањето од 0 до 100 km/h изнесува 6,1 секунда, односно 5 секунди, зависно од изборот.
Верзијата со два мотори исто така нуди две изведби – со 525 и со 787 коњски сили, а до „стотка“ забрзува за 3,9, односно за 3,4 секунди.